fbpx

Иако е мртвородена, за нас беше совршена: Медицинска сестра со потресно сведоштво

Иако не беше со нас, таа е дел од нас. И беше совршена!

Трогателна приказна сподели Тејлор, мајка која го загубила своето чедо, ќерката Хејзел чие срце престанало да чука околу 36-та недела од бременоста.

Таа и нејзиниот сопруг биле скршени од болка кога лекарите ѝ рекле дека носи мртвороденче. Особено им било тешко што породувањето било толку блиску, па на девојчето веќе ѝ дале и име.

Тејлор детално раскажува што се’ се случувало од моментот кога ја дознала болната вистина, преку породувањето и времето поминато во болница, па се’ до погребот на детото и резултатите од аутопсијата.

Можеби ви делува морбидно, но потребна е голема храброст да се изборите со ваква загуба и за тоа да зборувате јавно на начин на кој се обидувате да им ја ублажите болката на оние кои веќе поминале низ ова.

Инаку, Тејлор е медицинска сестра која работи на одделение за деца кои се родени како зависници.

Следни Објави

Побегна од дома: Кичевскиот кандидат за градоначалник отворено за сопругата Албанка

Ние како семејство сме Македонија во мало. Постарата сестра на мојата сопруга која е нотар е омажена за Албанец и имаат две дечиња. Помалата сестра која е стоматолог е омажена за Турчин, кој е актуелен пратеник во собранието на Р.М. и имаат едно детенце, открива Јовановски Околината, особено оние попатријахално […]