fbpx

Згасна уште еден млад живот: Борис имаше само 24 години

Нова трагедија

Спортската јавност е шокирана по информацијата за смртта на Борис Садецки, 24-годишниот хокеар на Братислава Кепиталс.

Младиот играч колабирал пред неколку дена на натпреварот на словачкиот клуб против австрискиот Дорнбирн во регионалната ICEHL лига која од 2003 до 2020 година се викаше EBEL лига.

„Со тага во срцето ве информираме за смртта на нашиот играч Борис Садецки. Изразуваме најдлабоко сочуство до фамилијата и до пријателите. Во консултација со семејството на Борис, други детали во овој момент нема да објавуваме“, напишаа од клубот на социјалните мрежи.

Натпреварот од 14-то коло меѓу Дорнбирн и Братислава која се играше на 29 октомври беше прекинат при резултат 1:0 за домашната екипа на почетокот на втората третина, откако Садецки ненадејно колабира. Веднаш му беше укажана прва помош, а потоа го пренесоа во болница од каде што долго немаше информации за неговата здравствена состојба.

Директорот на клубот, Душан Пашек, тогаш објави дека неговата состојба е стабилна, но вчера младиот хокеар почина.

Садецки е роден на 20 април 1997 година во Тренчин каде со години играше пред трансферот во главниот град на Словачка.

Фото: Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Заедно верувавме: Арсовска проговори за сопругот

Мојот син и мојот сопруг се мојата среќа, мојот дом и мојата поддршка, порача таа Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, постизборно сподели фотографија со сопругот Ангел. „Во септември со храброст и одлучност знаевме дека заедно можеме наспроти сите неправди. Знаевме и дека оваа слика ќе биде спомен дека заедно […]