fbpx

Судот ме продаде евтино, ме остави осакатена: Потресно сведоштво на Божиновска

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако возачот кој усмрти двајца млади битолчани во Охрид доби условна затворска казна од четири години и глоба од околу 3.000 евра.

Иницијативата „Правда за Иван и Милан“ очекува разумна одлука од Апелациониот Суд во Битола.

Во меѓувреме се огласи и Сташа Божиновска, една од девојките кои беа повредени и ја преживеа сообраќајката.

„Разочарана сум и изиритирана, а пред се’ незаштитена од институцијата наменета да ме заштити од неправда, мене, тебе, секој еден од нас, докажувајќи спротивно, дека животот е најевтин кога е одземен во сообраќајка. Одземајќи само една душа, настапува трауматичен пресврт во животот на десетици блиски, родители, браќа сестри, роднини. Дивјаците тркајќи се по патот Охрид – Св. Наум одзедоа два животи и тешко повредија три други. Додека се опоравував по безбројните операции и интервенции, огромни количини на лекарства, анестезии, зрачења од ренгени и магнети, трауми на моите родители, браќа, роднини, пријатели, целиот фокус ми беше во една институција која сметав дека е покрај мене за да ме заштити: СУДОТ. И ТАА ИНСТИТУЦИЈА МЕ ПРЕДАДЕ, МЕ ИЗНЕВЕРИ, МЕ ПРОДАДЕ ЕВТИНО, ме остави осакатена со физички и душевни лузни на милост и немилост, без да придонесе во превенирање на идни слични настани, застанувајки на страна на дивјаците кои успеаа да го пронајдат најтешкиот линк во ова наше општество: КОРУПЦИЈАТА“, разочарана е таа.

Иван и Милан загинаа лани на 16 август, а трите девојки кои се возеа на задното седиште, меѓу кои и Божиновска, завршија со тешки повреди од кои се’ уште се опоравуваат.

Иван им подлегна на повредите истата ноќ, а Милан по едномесечна борба на КАРИЛ.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

После сѐ, утеха најде во музиката: Која е Македонката која блесна во „Ѕвездите на Гранд“?

Валери Димовска не е ново име на музичката сцена. Како придружен вокал имаше прилика да застане и на големата евровизиска сцена, но се чини дека дури сега го добива заслуженото внимание Во „Ѕвездите на Гранд“ блесна уште една македонска натпреварувачка. Станува збор за 24-годишната велешанка Валери Димовска. Во првиот круг […]