fbpx

Замина тивко и достоинствено: Македонија тагува по Ивана

Тажен ден за сите нас!

Со неизмерна тага и болка ја споделуваме веста за прераната смрт на нашата сакана и почитувана колешка, пријателка и голем човек, професорката Ивана Ѓорѓева.

Замина тивко и достоинствено, како што и живееше!

Скромна, човечна, нанаметлива и искрена пријателка, посветен и високо професионален професор и педагог. Зад неа остануваат генерациите нејзини ученици и воспитаници, на кои целосно им се даваше, со нив се гордееше и постигнуваше резултати.

Ние, нејзините колеги, ќе продолжиме да работиме носејќи ја со себе тагата и празнината од загубата на прекрасната Ивана!

Почивај во мир, наша сакана Ивана!

Утре, 17.12. 2021, со почеток во 09.00ч. во просториите на училиштето „Димитар Влахов“ ќе се одржи комеморација во чест на професорката Ивана Ѓорѓева.

Погребот ќе биде на Градските гробишта во 13.00ч.

СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица

Следни Објави

Нè обедини сите: Почина Милена, мајка на двегодишен син

Почина Милена Јовичиќ, 37-годишната жена од Смедерево која неодамна го обедини целиот регион. За нејзиното лекување се собираа средства на социјалните мрежи, но таа не успеа да ја победи болеста. Поради силни болки во стомакот, по детални анализи ѝ беше дијагностициран карцином на желудникот во поодминат стадиум. Лекарскиот тим кој […]