fbpx

Неочекуван пресврт: Таткото на Матеј откри драматични детали

Српската полиција веќе два дена го пребарува Големиот воен остров и тоа по иницијативна на таткото на 27-годишниот Матеј Периш кој веќе 28 дена се води за исчезнат.

Информацијата дека можеби син му е жив во напуштена колиба на оваа локација, на Ненад му ја дала јасновитка од Словенија, пишува „Ало“.

„Големиот воен остров е под заштита на државата како предел кој изобилува со богата флора и фауна. Луѓе речиси и да нема, а во еден дел се наоѓаат мали куќарки кои главно ги користат рибари. Точно е дека полицијата доби дојава дека Матеј наводно се крие во една од бараките“, вели извор блиок на истрагата.

Во меѓувреме се огласи уште една жена која тврди дека има визии за исчезнатото момче.

„Полицијата треба да навлезе подлабоко во шумата каде што се наоѓа помал објект изграден пред 15 години во кој живее скитник. Матеј е многу болен, појдете таму додека се’ уште не е доцна“, тврди таа.

НЕОЧЕКУВАНО: ТАЈНА ВО СЛУЧАЈОТ СО МАТЕЈ ЗА КОЈА СЕ МОЛЧЕШЕ

Дека Матеј се наоѓа сокриен на непозната локација во околината на Белград, пред два дена тврдеше и парапсихологот Роберт Кајслер.

„Според мојата визија, Матеј е жив! Моментално е во Србија, поточно во околината на Белград. Разочаран е поради работите кои се случија. Има голем страв од татка си, се плаши од полицијата и комплетно е изгубен.. Или пие или нешто користи, но мислите можат јасно да му се прочитат. Маја се’ уште е во Србија, бидејќи на Матеј му треба помош. Татко му е 80 отсто уверен дека е син му жив и се сомнева во таа девојка“, изјави тој за „Глас јавности“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Преку некои работи не можев да поминам: Ирена проговори за разделбата со Орце

Љубовна драма за која досега молчеше Ирена Спасовска конечно проговори за разделбата со Орце Гелевски, откако нивната љубов повторно се најде во фокусот на некои медиуми, иако двојката се разиде уште пред четири години. Познатата фолк-пејачка во најискреното интервју досега отворено зборува за поранешниот партнер кој, пак, претходно наводно изјавил […]