fbpx

Починале шест лица со трета доза: Д-р Петличковски објасни зошто

Д-р Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести, го кажа својот став за трите дози вакцина против КОВИД-19.

„Поентата е дека трите дози во моментот се тие кои даваат гаранција над 95 проценти за заштита од смрт и повторно тука има еден мал процент можност и човек вакциниран со три дози да заврши лошо, но шансите тоа да се случи се многу мали“, вели првиот човек на Комисијата за заразни болести.

Според анализата на Институтот за јавно здравје на сите случаи на хоспитализации и смрт од КОВИД-19 во периодот од 1 до 31 јануари 2022 година, само шест лица кои примиле трета доза завршиле со смртен исход.

Сите смртни случаи кои биле контастирани имале коморбидитети, како што се дијабетес, карцином, кардиоваскуларни заболувања и обезност.

Следни Објави

Срцето ме боли што ви беше мачен крајот: Почина Тоде Новачевски

Почина докажаниот македонски музичар Тоде Новачевски. Тажната вест ја потврди и познатата новинарка и критичарка, етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ. „Драг мој професоре, нека ви е светол патот. Срцево ме боли што ви беше мачен крајот и се надевам дека отидовте во свет без болка. Ви благодарам за уката што ни ја […]