fbpx

Живкица се расплака во своето шоу: Причината ќе ве трогне

Лидија Кочовска поминува низ исклучително тежок период за кој одлучи отворено да зборува во шоуто „Жилет“, новата авторска емисија на докажаната водителка Живкица Каленикова.

Познатата пејачка во детали зборуваше за болеста на својата мајка Невена која боледува од Алцхајмер. Освен агресивноста, најголемиот товар за семејството е кога болниот доаѓа до ситуации кога не ги препознава најблиските.

„Сака да се изрази, а не може.. Сака да каже, а не може да каже.. Тоа е страшна ситуација, кога прашува за твоето име, како се викаш.. Не се сеќава.. А, по мирис, да.. По мирис те препознава.. Тој мајчински инстинкт никогаш не може да те излаже..“, раскажа Лидија.

Овие зборови многу ја погодија Живкица која пред само шест месеци ја загуби својата мајка. Водителката не успеа да ги додржи солзите и се расплака среде емисија.

„Емотивно е на тема мајка.. Ќе ми простите“, им се обрати таа на гледачите.

Живкица и самата е мајка на три деца. Со бизнисменот Зоран Калеников ги имаат синовите Даријан и Марко и ќерката Ана.

Ј.П.

Фото: Принтскрин/МТВ

Авторски текст не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Си го затегна лицето и си најде помладо момче: Ани Малинкова проговори за Ѓорѓи

Македонската фолкерка Ани Малинкова конечно си ја отвори душата за новото момче, десет години помладиот Ѓорѓи Тренески. Популарната пејачка која од првиот брак има две ќерки, вели дека партнерот љубоморно си го чува од очите на жените. „Многу ми е убав, многу е внимателен, често ми подарува најубави цвеќиња. Иако, […]