fbpx

Денот кога Русија нападна, нешто страшно се појави на небото: Ова е зло (ФОТО)

Жителите на некои делови од Англија биле вчудоневидени кога во четвртокот на небото виделе огромен облак кој личи на нуклеарна печурка.

Метеоролошкиот феномен се појавил над североисточен Линколншир во попладневните часови и тоа баш на денот кога почна руската офанзифа во Украина.

Неколку луѓе на социјалните мрежи споделија фотографии од огромната лелеава бела печурка која долго се задржала на небото. Според извештаите, облакот можел да се види во целиот регион, а многумина го доживеаја на крајно морничав начин, пишува Лед Бајбл.

„Само што требаше да ја земам ќерка ми од училиште. Се изненадив кога го здогледав небото кое изгледаше како да експлодирала атомска бомба. Беше чудно. Кога првпат го здогледав си реков: „Боже, што е сега ова?“. Времето беше убаво и ведро, како сите облаци да се собраа во овој круг“, сведочи Џој Бел од Гримсби.

Таа не е единствената која го забележала џиновскиот облак.

„Вакво нешто, баш на денот кога Русија ја нападна Украина?! Се надеваме дека ова не е знак за некое поголемо зло“, напиша еден корисник на „Твитер“.

Сепак, се покажа дека огромниот облак воопшто не е нешто страшно, туку обичен кумулонимбус, пишува Гримсби Телеграф. Инаку, станува збор за единствените облаци кои можат да произведат град и грмотевици. Обично се многу ниско над земјата, нивниот облик потсетува на наковална или на џиновска кула, а понекогаш и на атомска печурка.

Фото: Ансплеш/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Лоба се расплака: Македонската пејачка со руско потекло проговори за војната (ФОТО)

Докажаната македонска пејачка Викторија Лоба денеска гостуваше во утринската емисија на „Телма“. Освен за проектите на кои е фокусирана во моментов, таа зборуваше и за пандемијата, па откри дека дури двапати го прележала коронавирусот, за среќа, без никакви симптоми. При крајот на разговорот, водителот Ненад Ѓоргиевски ја спомна и актуелната […]