fbpx

Летај меѓу ангелите мило мое дете: Мајката на починатиот Марко со потресни зборови

Марче мој, мила душа моја.. Поминаа девет месеци откако без поздрав си замина. Вака почнува емотивната објава на „Фејсбук“ на Александра Божиновска, мајката на младиот македонски ракометар Марко Божиновски кој лани ненадејно почина во сон на 20-годишна возраст.

Откако претходно собра сили и отворено проговори за последните часови пред трагедијата, сега повторно се огласи со потресни зборови за нејзиното чедо.

„Се’ уште не можам да верувам дека не си тука, секое станување прво одам до твојата соба за да видам да не си случајно таму.. И секое утро истата слика.. Празна соба, сите работи стојат онака како што ти ги остави. Твоите патики, дуксери, дресови, чорапи, компјутерот.. Ама се’.. Ништо не е чепнато.. Само тебе те нема..

Секој ден размислувам како понатаму, ова боли и не поминува.. И нема да помине.. А и треба да боли.. Мајка велат жали додека е жива.

Ми недостигаш Марче, ми недостига она твое Мајкааа, Сашкеее, Мамиии.. Ми недостига твојот глас, твојата насмевка, твојот хумор, твојата лудост.. Ми недостига да ми се јавиш во среде ноќ и да ме прашаш што правам.. Да се вратиш дома во ниедно време и да ме разбудиш за да ми раскажеш како си си поминал таа вечер.. Нема ништо Марче после тебе.. Празнина и тишина.

Се вртам наоколу и барам нешто, некаков знак дека си тука. И наоѓам многу знаци и се тешам дека ти ми ги праќаш. Знам дека ти е жал за се што се случи, дека ти е жал што не успеавме да се збогуваме, ти никогаш тоа не би го направил. Никогаш не би ме оставил да беше до тебе..

Во мојот живот ти беше мојата прва и единствена љубов, но и јас твојата. Си бевме се еден на друг, ти мојата гордост, јас твојот чувар и заштитник. Секогаш успевав да ти го исчистам патот, бев по неколку чекори пред тебе, бев подготвена и животот да го дадам само да бидеш среќен. И бевме среќни, полни со љубов и желба за живот. Твојата среќа за мене беше се’, бев најгордата мајка на светот. Дете добро, мило, паметно, убаво, со огромно срце. Тоа твое огромно срце кое те издаде на крајот..

Те сакам Марче мој, толку многу како љубовта да беше само за нас измислена. Мојот живот започна оној ден кога ти се роди, заврши кога ти си замина. Во меѓувреме живеам само за да живееш и ти. Горда сум што беше мој син, а јас твоја мајка.

Летај меѓу ангелите мило мое дете, а јас ќе мечтаам за денот кога пак ќе си бидеме заедно, како во добрите денови. Весели, насмеани, полни со љубов“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Прерано нè напушти уште еден брат: Почивај во мир Зоран 

Нова трагедија во Македонија, уште еден живот прерано згасна На градските гробишта во Струмица денеска беше погребан Зоран Коцевски. Неговите сограѓани го паметат како голем љубител на спортот и верен навивач на „Беласица“. „Прерано не’ напушти уште еден брат од трибина, другар на сите, човек кој секогаш беше тука за […]