fbpx

„Тужно лето“ секогаш ќе биде наша песна: Стефанија се прости од ракометарот Денис Тот (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите по смртта на 28-годишниот хрватски ракометар Денис Тот. Вчера на социјалните мрежи се појави и вознемирувачка снимка од безбедносните камери пред дискотеката „Привилиџ“ за која се тврди дека е од убиството на младиот спортист.

Од Основното јавно обвинителство велат дека се анализираат сите снимки од видеонадзорот во критичниот момент на наведената локација. Сепак, апелираат за воздржаност од објавување и споделување видеа чија содржина може да биде вознемирувачка за јавноста, а особено за семејството и блиските на починатиот.

Неколку дена по трагедијата, на социјалните мрежи се’ уште се споделуваат посвети за починатиот Тот. Повторно се огласи и неговата блиска пријателка Стефанија Трајческа која јавноста ја препознава како основач и управител на Центар за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни.

Шокантно сведоштво за убиството на Денис Тот: За оваа работа досега се молчеше!

„Најголема болка почувствував во моментот кога прочитав дека ни си дал никаков отпор. Тоа е затоа што си ти. Затоа што не си таков човек, воопшто не ме изненади, напротив уште повеќе ме боли што им дозволи и што остана душа од човек до последен здив.. Знам дека си на помирно место во кое што нема никаква злоба како на овој свет, мил мој пријателе.. До наредно видување. „Тужно лето“! Секогаш ќе биде наша песна!“, напиша таа на „Инстаграм“.

Ова беше нејзино второ обраќање за немилиот настан.

„Остана киндер јајцето за Стефи неземено. Почивај во мир и мавни понекогаш од зад облаци. Ти беше некој со најтоплo срце и преубава енергија, замина не поради твоја вина, баш поради „човечка нечовечност“.. Чао до наредно видување, мил Денис..“, напиша Трајческа претходно.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО


Следни Објави

Потресни сцени: Погребан Денис Тот, зборовите на свештеникот ќе ве расплачат

Хрватскиот ракометар Денис Тот денеска беше погребан во родното Ѓаково откако до смрт беше претепан пред една скопска дискотека. Бројни пријатели, колеги и роднини денеска се собраа на неговото вечно почивалиште, а видеата од настанот кои ги објавија тамошните медиуми изобилуват со потресни сцени. „Денис, ти благодариме за се’ што направи […]