fbpx

Ѝ се насолзија очите, замина во темнината: Последната средба со починатата македонска актерка

Тажни се овие разделби, но, луѓето се паметат по оноа што зад себе го оставиле, а ти, драга моја Мајда, не само кај мене и Тања, туку и кај многумина кои имале прилика од поблиску да те запознаат, имаш оставено неизбришливи траги. Иако поминаа многу години од оние непроспиени ноќи, расклештени од уво до уво смеејќи се со солзи од твоите анегдоти, вицеви, никогаш нема да избледнеат од нашите сеќавања.

Последен пат ти дојдов под прозор, ги бараше моите книги, и ти ги донесов. Ми рече, Боки, не излегувам никаде, затоа и не можев да ти дојдам на ниту една промоција, а уживам во твоите приказни, абе те обожавам, ама страв ми е да се движам сама, и’ реков, држи се Мајда, рано е за предавање, имаш ти уште на патот до таму, мене ми припаѓа честа ова да го слушнам од тебе. Не се предавај, не личи на твојот карактер драга Мајда. И’ се насолзија очите, го затвори прозорецот, и замина во темнината. Не сакаше пред мене да заплаче.

Мила моја Мајда, твојата енергија, твојата пожртвуваност, твојата борба можеби малкумина ја знаат, ама, ја издржа достоинствено и храбро, до крај. Вардан сигурно се радува на повторната средба со тебе, ама, мислам дека и ти како да брзаше што побргу да се сретнеш со синот.

Во сеќавањата на сите оние кои те познаваат овде, ќе останеш исклесана на гранит како мајка хероина, како актерка со врвни квалитети, како личност која не знаеше ниту ги признаваше поразите, како насмеана дама која со својата несекојдневна дарба, чинам, сакаше сите да ги насмееш, сите да бидеме расположени таму каде што си ти. За сите непроспиени ноќи, за сите волшебни претстави во Драмски, за во твоето друштво, ти благодариме од срце.

Неизмерна тага: Почина македонската актерка Мајда Тушар

Рајот најверојатно е измислен, за ние кои остануваме овде на земјава да веруваме дека ваквите луѓе како тебе, сигурно имаат обезбедено место таму. Збогум моја и наша Мајда Тушар.. Збогум мила пријателке..

Фејсбук-статус на Борче Трајковски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Шокантни детали за Клементина: Ова никој не го очекуваше!

Не стивнуваат реакциите по убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше брутално претепан пред една скопска дискотека. За неговата смрт се осомничени три лица, меѓу кои и 19-годишната скопјанка Клементина Летковска. Откако порталот „Јутарњи“ објави дека уапсената Летковска наводно цело време само се смеела кога полицијата ја испрашувала за […]