fbpx

Прва жртва по земјотресот: Почина 28-годишна девојка

Д-р Сафет Мујиќ од Кантоналната болница ја потврди првата жртва по страшниот земјотрес кој вечерва ја погоди Босна и Херцеговина, а беше силно почувствуван во целиот регион.

Станува збор за 28-годишната Е.С. од Столац која била хоспитализирана во тешка состојба. И покрај напорите на лекарите и долгата реанимација, девојчето не преживеало.

Полесно се повредени нејзините родители.

Според првичните информации, огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац.

Граѓаните во Столац и понатаму се на отворено, а како што пишуваат тамошните портали владее огромна паника и веројатно вечерва нема да се вратат во своите домови.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресни пораки за загинатата девојка: Не знаеме кој ден ни е последен..

Неколку силни земјотреси синоќа ја погодија Босна и Херцеговина, а најлоша беше состојбата во Столац каде загина 28-годишната Елмира Сефо. Полесно се повредени нејзините родители и сестра ѝ, откако огромна карпа падна врз нивната куќа во населбата Кукавац. Од настрадатана девојка денеска масовно се простуваат на социјалните мрежи. Хафиз Недим […]