fbpx

Почина ѕвезда од познатото шоу: Мајка ѝ со потресни зборови, имаше само 16 години

Американската ѕвезда од реалното шоу „Тодлерс енд Тијарас“ кое се прикажуваше на каналот TLC почина ненадејно на 16-годишна возраст.

Во ова шоу Кајлија Поузи се прослави уште како дете, но остана позната во својата земја откако одлучи да продолжи да се натпреварува на избори за убавина.

Тажната вест ја потврди и нејзината мајка на својот фејсбук-профил.

„Немам зборови со кои можам да ја опишам оваа болка. Моето убаво бебе денеска не’ напушти“, напиша таа под објавените фотографии и ги замоли медиумите за приватност во овие тешки моменти.

Само една недела пред трагедијата, оваа млада девојка го прослави 16-тиот роденден.

Причината за смртта се’ уште не е позната.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова момче му го промени животот на Никола Груевски: Знаете ли кој е на фотографијата?

Тој на „Фејсбук“ им посака среќа на годинашните матуранти Иако одамна не носи бркови и нема долга коса, многумина сметаат дека не се променил премногу. Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави фотографија од својата матура. Сликата стана вирална на социјалните мрежи. Едни се шегуваат со неговиот изглед, а други нагласуваат дека […]