fbpx

Не го дочека внукот, многу нешта не си кажавме: Сопругата на Војо си ја отвори душата

Пред осум години не’ напушти легендарниот македонски пејач Војо Стојановски. Позади себе остави огромно музичко творештво, но и семејство кое и денеска зборува во суперлативи за него.

Дамјан кој беше матурант кога почина неговиот славен татко, во една прилика раскажа дека Војо му бил најдобар пријател, ментор и идол.

„Неговите дела никогаш нема да бидат заборавени. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам. Беше одличен родител. Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Мислеше дека ќе може да даде уште многу во музиката и планираше солистички концерт. За жал, не успеа да ги реализира тие идеи“, раскажува тој за „Женски магазин“.

Сега на годишнината од смртта се огласи и сопругата на Војо.

„Жалам што пропушти многу среќни, семејни случувања, иако, неговиот дух беше присутен секогаш и секаде.. Жалам за тоа што не дочека да ги види професионалните успеси на нашиот син Дамјан, иако тој ги предвидуваше. Жалам што не ја дочека и неговата свадба и раѓањето на внукот Војдан. Здравје боже и натамошно проширување на семејството. Жалам за многу нешта што не успеавме да си ги кажеме, да споделиме, да размениме мисли“, вели Евица Камберова-Стојановска за порталот „Естрада плус“.

Следни Објави

Десет причини зошто ги сакаме Биковите

Вториот знак во Зодијакот, врзан за материјалните добра. Со нив влаадее Венера која им дава исклучителна убавина и чувство за естетика, како и склоност кон хедонизам. Еве причини зошто имаме потреба да сме во близина на припадниците на овој харизматичен знак 1. Бикот е стабилен и силен, можете да му […]