fbpx

Петар Грашо стана татко: Ќерката доби име со моќно значење

Хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо стана татко. Неговата сопруга Хана Хуљиќ денеска на свет донесе здраво женско чедо, пишуваат регионалните медиуми.

Познатата двојка одбра специфично име за ќерката, но со моќно значење.

Нивната наследничка ја крстија Алба – едноставно, посебно и кратко, но многу убаво име кое се поврзува со независни луѓе. Името го симболизира периодот пред изгрејсонцето.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ го кажаа судбоносното „ДА“ во февруари годинава. Претходно, популарниот пејач речиси две и пол децении беше во врска со колешката Данијела Мартиновиќ. Со неа никогаш не застана пред олтар.

„Бракот ќе ни ја расипе љубовта“, изјави тој во една прилика.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тажен ден во Канал 5: Колегите се простуваат од Ване

По кратко и тешко боледување, денеска не’ напушти нашиот колега и пријател Јованчо Жабев-Ване, информираат од Канал 5. Во телевизијата Ване работеше како линк-оператор, а целата своја професионална кариера ја помина во секторите за студиска и преносна техника. „Канал 5 од името на сите вработени изразува искрено сочувство до фамилијата, но […]