fbpx

Почина Марко (40) избоден со нож среде улица: Татко му со шокантно тврдење

Марко Ѓорѓевиќ, 40-годишниот маж кој на 15 јули под неразјаснети околности беше избоден среде улица додека го шеташе својот миленик, почина вчера во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, потврди неговото семејство.

Кобната ноќ Марко беше пронајден во локва крв. На почетокот се тврдеше дека бил каснат од својот пес, но откако го хоспитализираа лекарите констатираа дека има два убода од нож.

Неговиот татко Миодраг тогаш потврди дека се здобил со тешки повреди од остар предмет.

„Раните беа видливи по левата рака, колкот и градите. Мислам дека се работи за лихвари. Ми се жалеше дека некои луѓе му се заканувале и му барале пари. Не пријавив тогаш во полиција, бидејќи синот ми забрани. Инспекторите ме прашаа дали знам од кого бил уценуван, но не можев да им помогнам“, вели тој.

Љубителите на животни се простуваат од Марко на социјалните мрежи.

„Отсекогаш им помагаше на уличните кучиња“, велат тие.

Српските медиуми пишуваат дека семејството на Марко порано било едно од најситуираните во Ниш, благодарение на ланецот месари кои успешно ги менаџирале.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вака ли се заминува!? Македонската пејачка скршена од болка

Тажна вест Вера Милошевска-Јосифовска, вокалистката на популарниот македонски состав „Љубојна“, со потресен статус на социјалните мрежи се прости од својот татко. „Татичко мој бе, татко, Страле мој.. Вака ли се заминува!? Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти.. Викаше, ми се оди негде да излумпуваме, да се изнапееме.. […]