fbpx

Голема загуба: Ненадејно почина познатиот новинар на „Нова ТВ“

На 48 години ненадејно почина наградуваниот новинар, уредник, репортер и водител Мислав Баго.

Информацијата за неговата смрт ја објави медиумската куќа „Нова ТВ“ каде тој работеше во последните 13 години.

„Мислав остави неизбришлива трага во хрватското новинарство, но и во нашата редакција. Беше омилен колега и уредник, секогаш подготвен да помогне. Сите научивме многу од него, се восхитувавме на неговата страст за работа, секогаш со нова идеја, секогаш чекор понапред. Неговото предвремено заминување е голема загуба за сите нас“, изјави Ксенија Кардум, директор на информативната програма на „Нова ТВ“.

Баго ја почна кариерата во хрватската национална телевизија. Бргу се специјализира за внатрешна политика и стана еден од најпочитуваните репортери во Хрватска. 

Во 2006 година ја доби наградата „новинар на годината“ за серијата интервјуа со поранешните премиери Иво Санадер и Ивица Рачан.

Следни Објави

Остави жена и две деца: Ваква трагедија никој не очекуваше

Страшна сообраќајна несреќа се случи во српскиот град Руменка. Загина полицаец на мотор при потера по пијан возач. Станува збор за 36-годишниот Божидар Копривица, вработен во полициската управа во Нови Сад, сопруг и татко на две малолетни деца. Според првичните информации, Божидар со полициски мотоцикл со ротација бркал возач кој […]