fbpx

Неочекуван пресврт: Вистината за Бориловиќ

Не стивнуваат реакциите по масакрот во Цетиње во кој Вук Бориловиќ усмрти десет лица, пред да биде убиен.

Сега со писмо се обрати и неговиот брат Бошко кој изрази сочуство до семејствата на жртвите. Вели дека сите биле добри и чесни луѓе и дека не постои ниту еден збор кој може да им ја ублажи болката.

„Доколку во било кој момент забележав дека мојот брат е роден за вакво злосторство, јас лично ќе му пресудев. Не знам каде му е гробот, ниту пак сакам да знам. Цел живот сум растел со несреќен човек без воопшто да знам дека тоа е така. Извинете ме“, пишува братот на монструмот од Цетиње.

Крвавиот поход на Вук започна со убиство на медицинската сестра Наташа Пајовиќ Мартиновиќ и нејзините два сина на возраст од осум и единаесет години кои живееле како кираџии во неговата куќа. Децата починаа на лице место, а нивната мајка им подлегна на повредите во болница. Потоа излезе надвор и отвори оган кон сите што му се најдоа на патот. Усмрти уште седум лица, а рани шест.

Нови детали за трагедијата можете да прочитате ОВДЕ!

Фото: Социјални мрежи

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Си го ставив детето во ковчег и го погребав: Верица со потресно сведоштво за македонското здравство

Сите кои ми се блиски знаат дека Николија беше медицински комплексно дете и беше потребно на неа да се обрне повеќе внимание од секој аспект. После 2 недели од нејзиното раѓање бевме испратени во Клиниката за Детски Болести во Скопје за доиследување на нејзината состојба, каде што се откри дека […]