fbpx

Едниот син прваче, другиот веќе средношколец: Запознајте ги синовите на Мицкоски (ФОТО)

Своето прваче во училиште денеска го испрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој на „Фејсбук“ објави фотографија со сопругата и со синот, но и емотивно обраќање.

„Првиот училишен ден на Антониј. Синко ти ја посакувам целата среќа на светот, да учиш и напорно да работиш за тоа што те чека во животот. Да научиш да се бориш и тогаш кога ќе паѓаш и само така да успеваш. И до сите други родители многу успеси и среќа на нивните деца“, напиша Мицкоски.

Постариот син на првиот човек на опозициската партија, Јован, лани прослави полуматура.

„Помина како убав сон. Како вчера да беше кога заедно го слушнавме првото училишно ѕвоно, а денес славиме полуматура. Честитки синко! Од септември нов предизвик, скопската гимназија Орце Николов“, напиша во таа прилика Мицкоски на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Наставничке, мене ми е срам.. Душко има важна порака до драгите ученици

*** Наставничке, мене ми е срам, но јас ќе можам да се запишам само како ЅИДАР, би ве замолил да не ме прашувате пред сите мои соученици: ,,Што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме?“ Знаев. Знаев!!! Ми идеше да врескам, да отидам и да свикам еден ГРАДСКИ РОДИТЕЛСКИ СОСТАНОК!!! Состанок […]