fbpx

Македонија тагува, направи многу за сите нас: Почивај во мир!

„Демир Капија ја сакаше како родно место! Повеќе и од некои родени демиркапијци. Направи многу за неа! Почивај во мир!“.

Со оваа трогателна посвета на „Фесјбук“, граѓанската активистка, д-р Кристина Николовска, се прости од рускиот алпинист Александар Кленов кој почина.

Тој изминативе години живееше во Демир Капија и ја промовираше тамошната клисура во светски рамки. На својот инстаграм-профил во една прилика објасни дека е човек кој бескрајно ја сака природата и дека љубовта кон истата им ја пренесува и на своите две малолетни деца.

Кленов пред неколку години крај железната порта изгради свој дом и одлучи каменото царство и реките Вардар, Бошавица и Дошница да бидат дел од неговото семејство.

„Уште од мали нозе ја сакам природата. Започнав со планинарење, продолжив со спортско качување, за да станам мајстор по алпинизам. Карпите ми се во крвта, што се вели, тие се мојата втора љубов, после семејството. Сум имал бројни авантури низ светот, искачувајќи камени ѕидови во секакви временски услови и под разни околности. Демиркаписката клисура ме освои на прв поглед уште пред неколку години и одлучив тука да пуштам корени“, изјави во една прилика тој.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Новороденче прогласено за мртво со часови лежело во мртовечница: Погребникот потоа воочил нешто од што занемел

Тинејџерка не ја примиле во амбуланта, бидејќи не забележале дека е бремена Случајот со предвреме роденото бебе во Бразил кое е прогласено за мртво го шокираше светот. Тамошните лекари новороденчето го прогласиле за починато и го повикале погребникот додека тоа со часови лежело во мртовечницата, но тој воочил дека бебето […]