fbpx

Неверување по смртта на омилената Тања: Ребека ја соопшти тажната вест

Почина познатата универзитетска професорка Татјана Петрушевска.

Со емотивен статус на социјалните мрежи, тажната вест ја соопшти познатата пејачка, авторка и хуманист Ребека Јанковска Ристески.

„Драги пријатели, замина убавата моја пријателка Тања, Татјана Петрушевска. Царство Небесно убавице. Господ да ти прости. Многу ќе ми недостигаш, Тањче“, напиша Ребека на „Фејсбук“.

Д-р Татјана Петрушевска беше редовен професор по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави на Правниот факултет “Iustinianus Primus” во Скопје.

Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија и учествувано на многубројни меѓународни конференции, тркалезни маси и семинари на разновидни теми од областите што се предмет на нејзин непосреден интерес.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Остави сопруга и три ќерки: Познатите Македонци се простуваат од омилениот скопски лик (ФОТО)

Тажна вест утрово се прошири на социјалните мрежи, уште еден живот прерано згасна Почина Џеваир Јакупи, омилен скопски лик и еден од најпознатите бербери во градот. Популарниот Џеки имаше само 38 години. Позади себе остави сопруга и три малолетни ќерки, а засега не е позната причината за смртта. Јакупи се […]