fbpx

Сонце, сега одиш на поубаво место: Горан со трогателни зборови се прости од Андријана

Не стивнуваат реакциите во јавноста по прераната смрт на македонската пејачка Андријана Андреевска.

Колегите од естрдата со потресни зборови се простуваат од неа.

Се огласи и музичарот Горан Стојановиќ од „Амадеус бенд“.

„Сонце. Голем дел од животот го поминавме со музика и песна забавувајќи ги луѓето и правејќи ги среќни. Сега ти одиш на поубаво место кај ангелите, да продолжиш таму да пееш“, напиша тој.

Оние што ја познавале Андријана ја опишуваат како исклучително храбра жена и посветена мајка која лавовски се борела до последен здив.

Речиси две децении беше присутна на домашната сцена, иако не се експонираше премногу во медиумите. Публиката ја памети по нејзините впечатливи фестивалски настапи, а често ја бараа и нашинците во дијаспората.

Во 2014 година ѝ се случи трагедија, кога почина нејзиниот долгогодишен партнер.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ужасен ден, почина еден од најдобрите: Нека ти е светол патот, мајсторе!

Легендарниот фудбалер ја загуби битката со леукемијата По долго и тешко боледување почина Синиша Михајловиќ, еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња, а подоцна и тренер. Имаше само 53 години. Според последните информации, починал во болница во Италија опкружен со семејството. Здравствената состојба рапидно му се влошила пред неколку […]