fbpx

Зошто Дајана носеше два рачни часовника? Мистеријата конечно е откриена

Освен што ја нарекуваа кралица на срцата, принцезата Дајана беше и модна кралица која диктираше трендови, а жените едноставно посакуваа да изгледаат како неа.

Каде и да се појавеше, секогаш во фокусот беше облеката што ја носи, но и еден интересен моден детаљ којшто го практикуваше.

Дајана во неколку наврати беше фотографирана како носи два рачни часовника, а сега конечно е откриено дека тоа воопшто не било случајно.

Принцезата од Велс на тој начин сакала да ги изрази своите чувства кон луѓето. Дајана со два часовника на раката е фотографирана и во 1981 година додека гледа како нејзиниот свршеник, принцот Чарлс, игра поло во Виндзор.

Подоцна откри дека златниот метален часовник со тенка лента ја претставувал Дајана, а потемниот му припаѓал на Чарлс, а го носела во знак на почит кон него и за да му донесе среќа.

Ианку, во средниот век постоела традиција да се врзува женско марамче на задниот дел од витешкиот шлем пред битка. Шамичето се сметало за симбол на среќа и на тој начин се искажувала поддршка за лицето што влегувало во натпревар или битка.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ме тепаше и бремена: Оваа Македонка со тешки трауми чека правда (ФОТО)

Нас жените константно не’ наговараат да МОЛЧИМЕ. Јас молчев со надеж дека моето дете никогаш нема да дознае што сум проживеала. Но за жал, за доброто на мојата ќерка јас денес ќе зборувам. Само за да не биде со мене, таткото на моето дете е спремен својата ќерка да ја […]