fbpx

Петнаесет жени се тепаат во авион: Вакво нешто не сте виделе (ВИДЕО)

Врескање и удирање, останатите патници се во шок

Масовна тепачка во која наводно учествувале дури 15 жени, во четвртокот избила на летот на Гол ерлајнс од Ел Салвадор до Сао Паоло, Бразил, јавуваат светските агенции.

На видеото објавено на „Твитер“ се гледа како екипажот се обидува да ги раздвои жените кои си кубат коси и крвнички се удираат.

Останатите патници сведочат дека во еден момент тепачката станала толку агресивна што една од жените останала без облека и морала да си ги покрие градите со раце.

Наводно, дошло до расправија меѓу две семејства откако една мајка прашала друга патничка дали може да ги смени седиштата со своето дете со посебни потреби. Но, кога нејзиното барање било одбиено, таа збеснала и почнала да ја напаѓа патничката. Расправијата брзо ескалирала и завршила како масовна тепачка меѓу две групи жени.

Авионот, на крај, полетал со два часа задоцнување.

Следни Објави

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Која е Македонката која блеска во „Ѕвездите на Гранд“?

Жирито го освои од прва, а на првата аудиција пред неколку месеци рокерот Ѓорѓе Давид ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу Струмичанката Славица Ангелова синоќа повторно блесна во новото издание на „Ѕвездите на Гранд“. Со својот исклучителен вокал, оваа 20-годишна талентирана пејачка го […]