fbpx

ПОТРЕСНА СЦЕНА: Се породи, па почина под урнатините (ВИДЕО)

Се случи Божјо чудо

Нова драматична снимка денеска го обиколи светот откако новороденче беше спасено од урнатините на зграда во северозападна Сирија која се сруши до темел во вчерашниот катастрофален земјотрес.

Видеото на кое се гледа возрасен маж кој носи бебе прекриено со прашина откако било извлечено од урнатините е направено во градот Џиндарис.

Мајката на девојчето починала неколку минути по породувањето. Во земјотресот загинале и таткото, четворицата браќа и сестри и вујната на бебето, сведочат роднините.

„Слушнавме глас додека копавме. Ја расчистивме прашината и го најдовме бебето кое сè уште ја имаше папочната врвка на себе. Ја пресековме и го однесовме во болница“, изјави вујкото Халил ал-Сувади.

Досега се потврдени 7.200 жртви во катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија. Спасувачките екипи се на терен и во тешки зимски услови трагаат по преживеаните.

Следни Објави

Дете (2) пие вода од капаче: 44 часа било заглавено, ова ВИДЕО ја кине душата

Болни и потресни сцени постојано се споделуваат на социјалните мрежи по катастрофалниот земјотрес кој се случи на границата помеѓу Турција и Сирија, а во кој според последните проценки загинале над 9.400 луѓе. Последната снимка која ги расплака сите е онаа објавена на „Твитер“ со двегодишниот Мухамет кој поминал цели 44 […]