fbpx

Не можам повеќе да кријам: Пејачката е болна, резултатите не се добри

Познатата хрватска пејачка Јелена Розга со години има здравствени проблеми.

Конкретно со тироидната жлезда, но неодамна ѝ се слошило по еден од настапите, па фановите сериозно се загрижија за нејзиното здравје.

„Среќна жена сум, имам се’ што сакам. Имам проблем со здравјето, тоа не го кријам, напротив, можеби некому ќе помогнам. Пред два дена бев да прегледам крв, наодите ми се ептен лоши. Не сум најдобро, но се трудам. Тоа најмногу влијае на моето расположение, кога хормоните се во дисбаланс. Влијае и на мојата кожа. Се трудам што повеќе да одмарам, да бидам позитивна и да се надевам дека за месец дена, кога повторно ќе заминам на контрола, наодите ќе ми бидат добри“, вели Розга за „Премиера“.

Поп-ѕвездата и претходно отворено зборуваше на оваа тема. Во една прилика призна дека болеста се манифестирала со проблематична кожа, заморност и несоница, но дека со соодветна терапија функционира нормално.

„Се чувствувам одлично, во постојана комуникација сум со лекарите и држиме сè под контрола”, изјави Розга пред една година за српски „Блиц”.

Таа тогаш објасни дека стресот си го направил своето, па морала некои животни навики комплетно да ги промени.

„Не сакам да брзам, посебно не за работа. Повеќе го чувам здравјето, го почитувам своето слободно време. Морам поради здравјето. Едноставно морам, бидејќи имам проблем со штитната жлезда и повеќе не го кријам тоа“, изјави таа тогаш.

Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Девојката што се бори за живот е позната македонска пејачка: Нови детали за трагедијата

Двете лица кои паднаа од зграда во центарот на Скопје се позната скопска двојка, јавија повеќе македонски медиуми Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека денеска во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено оти пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М. (47) и К.Г. (39), […]