fbpx

Детали за силуваното девојче: Нови шокантни сознанија за притворената струмичанка

Грозно

Објавени се нови шокантни сознанија за дваесет и едногодишната струмичанка која заврши во притвор под сомнение дека им помогнала на двајца малолетници да силуваат тринаесетгодишно девојче.

Таа го поттикнало детето да се опие, го соблекла во една од собите каде се славела новогодишната забава и им помогнала на двајцата малолетници да го силуваат. Малоелтниците имале по 16 години.

„Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата“, велат од Обвинителството, пренесува „Фокус“.

Судија на претгодна постапка и одреди притвор на струмичанката, а за двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата-ставање под надзор од Центарот за социјални работи.

Следни Објави

Конечно се обрати синот на Ребека: И јас живеам тука! (ФОТО)

Познатата пејачка, авторка и хуманист Ребека Јанковска Ристески денеска на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за аутизмот објави нов емотивен пост со синот Маркијан. Овојпат, тој им се обраќа на граѓаните и неговата порака треба да не’ замисли сите. Истата ви ја пренесуваме интегрално во продолжение! И јас живеам […]