Србија и целиот регион се’ уште се во шок по масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.
Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче, застрела осум школски другари, како и чуварот кој работел како обезбедување во школото.
Покрај убиените, ранети се уште шест ученици и наставничка, од кое две деца се во критична сосојба.
Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.
Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот, се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.
Сите убиени деца се родени во периодот од 2009 до 2011 година. Жртвите се седум девојчиња и едно момче, меѓу кои и еден француски државјанин, потврди српското Министерство за надворешни работи.