fbpx

Моето дете има две мајки: Калиопи конечно проговори за синот (ВИДЕО)

Калиопи има нова песна, дует со нејзиниот долгогодишен пријател Жељко Самарџиќ.

Темата „Знам“ одлично поминува кај публиката, а македонската поп-дива освен за соработката која пријатно ги изненади нејзините фанови, во своето последно интервју за „24седам“ отворено зборува и за приватниот живот.

Автор на „Знам“ е нејзиниот прв сопруг Ромео Грил, човекот со кој всушност и се проби на југословенскиот пазар. Иако се разделија уште пред три децении, Калиопи не крие дека на поранешниот партнер може да му се јави и на полноќ и дека одлично се согласува со неговата сегашна сопруга.

„Тогаш најмногу можам да го барам затоа што знам дека е во студио и работи. Знам каде е. Ние сме овде денес како семејство. Ромео дојде со сопругата, таа ми е најблиска пријателка. Ние живееме така. Секогаш велам дека моето дете има две мајки, пред малку Ромео рече: „Јас имам три жени“. Многу се спријателивме, едноставно така е“, открива Калиопи.

Како што вели, меѓу нив нема љубомора, ниту суета.

„Ние сме реализирани луѓе, имаме минато, сегашност и верувам дека ќе имаме и иднина. Верувам дека тоа е суштината на животот“, заклучува таа.

Во истото интервју, Калиопи зборува и за татка си кој почина минатата година, и за тоа како морала да остане присебна и покрај загубата и најпрофесионални да го одработи веќе закажаниот концерт на Фрушка Гора.

Следни Објави

Прерано и подмолно ни те зема таа проклета болест: Почина Зоран, пријателите во шок

Тажна вест Поранешниот македонски премиер Зоран Заев сподели тажна вест на социјалните мрежи. Тој со емотивна посвета се прости од Зоран Димовски, истакнат активист од Шарената револуција. „Прерано и подмолно ни те зема таа проклета болест, другар Зоране. Изгубив другар од времето на Шарената револуција кој остана мој другар сите […]