fbpx

Големите срца љубат, малите бараат да бидат љубени

На денешен ден 1861 година во Калкута е роден Рабиндранат Тагоре, индиски поет и филозоф.

Меѓу неговите најпознати дела се збирките песни „Градинарот“ и „Гитанџали“, романите „Дом и свет“ и „Бродолом“, драмите „Сударшана“ и „Водопад“ и публицистичкиот труд „Национализам“.

За својата литературна работа во 1913 година ја добил Нобеловата награда.

Во продолжение ви презентираме неколку цитати од овој плоден автор.

„Музиката ја исполнува бесконечноста меѓу две души.“

„Длабочината на пријателството не зависи од должината на познанството.“

„Пејачот сам не ја прави песната, мора да има некој што ќе го чуе.“

„Не се молиме за да бидеме заштитени од опасноста, туку за да не се плашиме кога ќе се соочиме со неа.“

„Само тоа што го правиме од љубов го правиме слободно, независно колку страдање ни предизвикало.“

„Многу е едноставно да се биде среќен, но многу е тешко да се биде едноставен.“

„Не ги ограничувајте вашите деца на вашето учење, бидејќи тие се родени во некое друго време.“

„Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивности.“

„Секое дете доаѓа со порака дека Бог сè уште не се обесхрабрил од човекот.“

„Најубаво е некој да го имаме целосно. Ако тоа е невозможно, тогаш најдобро е целосно да го изгубиме.“

„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

„Заради одвеаната љубов животот е побогат.“

„До вистината можеме да стигнеме само ако ни е дадена слобода да грешиме.“

„Големите срца љубат, малите бараат да бидат љубени.“

Следни Објави

Зборувавме за мојата сексуална определба: Боки 13 отворено за Катица Јанева

Катица Јанева е народна жена, исклучително чесна и непристрасна. Со неа зборував за семејни, за љубовни работи. Зборувавме за мојата сексуална определеност, зашто таа е човек без никакви предрасуди, кажа првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, на денешното судење. Боки 13 денеска изјави дека со Катица се познава од 13 септември […]