Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален профил на „Фејсбук“ сподели впечатливи портрети од дел од неговите колеги.
– Горд сум што целокупниот здравствен систем е мобилизиран и функционира како едно. Ова се само дел од моите колеги од Службата за итна медицинска помош која во секое време во денот е на терен и ја дава својата максимална здравствена заштита за сите пациенти. Да ги почитуваме мерките и заеднички да го стопираме ширењето на коронавирусот – напиша Филипче.
Фотографиите се направени од фоторепортерката Арбнора Мемети.