Со цел да ја задржам мојата приватност по огромната популарност, не сакам да откријам што точно работам. Но, ќе ви откријам дека мојата работа е таква што на дневно ниво опфаќа справување со секакви будали, психопати, „хиени“ и мажи кои ме сметаат за конкуренција. Само, последниве месец дена сум полабава и работам со фини луѓе, вели Lide Lide, девојката која преку ноќ се прослави на социјалните мрежи како најголем фан на министерот Венко Филипче.
Во интервју за порталот „Кајгана“, Lide Lide негира дека е партиски бот, а на хејтерите им порачува: Дај живејте малку, одржувајте редовни сексуални контакти и мијте си ги рацете!
На Филипче му порачува да се опушти малку.
– Еве, за почеток, предлагам да ме дружи почесто. Тој има насмевка од милион долари и не треба да ја крие – сакам почесто да го гледам насмеан. Венко, однеси ме што поскоро во првиот кафич или јас ќе ти донесам кафе во термос – вели Lide Lide за „Кајгана“.