По алармантниот број на новозаболени изминатово деноноќие, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција призна дека државата и здравствениот систем во моментов се соочуваат со големи искушенија.
– Ова е најголемата здравствена криза во земјата. Никогаш претходно не сме се соочиле со таква криза, меѓутоа имаме и знаење и капацитет и начин на организација и план кој што веќе се спроведува за оваа криза да ја надминеме. Досега одлично се менаџираше кризата, го подготвивме системот за ова сценарио и сега го спроведуваме – изјави Филипче.
Морам да продолжам за тебе и за децата: Се огласи сопругата на диџеј Ицко
Тој повторно побара поддршка од граѓаните, овојпат за сите здравствени работници, но и разбирање и трпение кај граѓаните на кои поради оваа криза им се откажани претходно закажаните редовни прегледи и интервенции.
– Верувам дека ќе се вратиме наскоро во нормала, но во овој момент сите сили ги насочуваме за да излеземе од оваа криза – порача министерот.
Можеби ќе ве интересира:
Моето дете е вонбрачно, не сум се мажела: Сузе проговори за животната драма
Сите што се молеа за син ми, Господ да ги поживее: Татко од Прилеп со потресно сведоштво