fbpx

Некои доаѓаат и веднаш ја губат битката: Сведоштво на вработена во „8 септември“

ВО ЖИВОТОТ СУМ ГЛЕДАЛА КАКО ОКОЛУ МЕНЕ УМИРААТ ЛУЃЕ!!!! ОВА НЕ САКАШ ДА ГО ВИДИШ ДЕФИНИТИВНО!!!!!!

Тешко Ви е да ги носите маските и имате чувство дека Ве гушат? Погледнете што носат медицинските работници на себе и како работат во услови на пандемија. Нашите вработени ги следат протоколите и внимаваат при контакт со секој пациент, сѐ со цел да се намали преносот на вирусот и да се прекине овој ланец на трансмисија.

Оние кои не влегле внатре не знаат како е во 8 Септември“, има најголем број пациенти заразени со вирусот. Болницата од првиот до осмиот кат е преполна со болни кои имаат најтешка клиничка слика. Секојдневно се примаат нови, за жал некои доаѓаат и веднаш ја губат битката со болеста, некои и сѐ уште не влезени, не однесени на одделенијата. Мојата препорака ЧУВАЈТЕ СЕ почитувајте ги сите процедури…

Сплотени заедно, здравствените работници се трудиме од петни жили да ги извршуваме дадените задачи, иако мислиме дека времето ни е кратко и за нас,и за пациентите. Влегуваш во шок интензивна, со верба да видиш дека некој од пациентите што си ги оставил претходно го екстубирале, се разбудил. Се трудиш да му помогнеш на секој од нив подеднакво, не прашувајќи за име, за возраст. Ги следиш нивните симптоми, делиш терапија, ги средуваш, а од тебе тече пот…

Фејсбук-статус на Јохана Јаневска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Примени нови 18 пациенти во најтешка состојба, дури 100 се на кислородна поддршка

Само во последното деноноќие во ГОБ „8 Септември“ се примени 18 нови пациенти заразени со корона вирусот, а според директорот на болницата, д-р Христијан Костов, тие се донесени во најтешка, животозагрозувачка состојба. За „Фактор“ вели дека веднаш по приемот на некое од одделенијата во Ковид-центарот, ваквите пациенти веднаш ги ставаат […]