fbpx

Крвната плазма не го спаси: Штипјанец почина на 34 години

Триесет и четиригодишен штипјанец кој бил хоспитализиран неколку дена во Скопје, починал од коронавирусот. Тој бил на респиратор некое време, јавува „Слободен печат“.

За овој пациент на социјалните мрежи беа упатени бројни апели за дарување крвна плазма. Таа беше пронајдена, но не успеа да го спаси младиот живот.

Пациентот е еден од заболените во штипската конфекција кој не успеал навремено да се тестира. Бил женет и татко на двегодишно дете.

Директорот на ГОБ 8 Септември, доктор Кристијан Костов, информира дека синоќа во ковид центарот биле донесени 18 пациенти со тешки пневмонии.

Следни Објави

Очекувам да ја корегираат грешката: Накова проговори за приведувањето

По приведувањето на Александра Накова и нејзино спроведување во државен карантин, македонската манекенка конечно се огласи за случувањата. Вели дека изминатиов период дел од медиумите за неа објавиле низа информации кои се непроверени, неточни и во кои, според неа, постои намера таа да биде прикажана како личност која не го […]