Специјалистот за заразни болести од Британија, доктор Вилијам Маршал, предупредува на четири нови симптоми на Ковид-19 и препорачува веднаш да се обратите кај лекар доколку ги почувствувате.
– Вирусот може да предизвика гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи губење на апетитот, мачнина, повраќање и дијареа. Овие симптоми може да траат само еден ден и обично се случуваат пред грозница и респираторни симптоми – тврди д-р Маршал.
Според него, симптомите на Ковид-19 може да се појават 2 до 14 дена по изложеноста на вирусот и можат да варираат од лесна до тешка клиничка слика.