Група кубански научници и лекари објавија студија која укажува на многу ветувачки резултати во лекувањето на коронавирусот. Заразените биле лекувани со комбинација на интерферон алфа-2б и гама и интерферон алфа-2б. Според нивните сознанија, интерферон-терапијата „негативно“ делувала на вирусот.
Стапките на успех за брзо решавање на инфекцијата се навистина импресивни, но ова е релативно мала студија во која биле вклучени 79 пациенти на возраст од 19 до 82 години заразени со коронавирус.
Во едната група, испитаниците добиле комбинација од 3,0 интерферон алфа-2б и 0,5 интерферон гама двапати неделно. Во втората, добиле инјекција од 3,0 интерферон алфа-2б три пати неделно. Покрај тоа, пациентите добиле стандардна кубанска терапија на лопинавир-ритоавир со хлорокин.
Во првата група, вирусот бил „негативен“ кај 78,6 проценти од пациентите за само 4 дена, а во втората кај 40,6 проценти од пациентите.
RT-PCR-испитувањата се користеле за верификација и било откриено дека времето потребно за неутрализација на виралноста е помеѓу три до пет дена.
Влошување на респираторните симптоми е забележано кај 6,6% од пациентите во првата група и 3,3% од пациентите во втората група. Ниту еден пациент не развил тешка форма на болеста.
По 14 дена од третманот, тестовите со РТ-ПЦР покажале негативен резултат кај едната група кај 100 проценти од пациентите и во 91% во другата.
Кубанците го припишуваат успешното елиминирање на виралноста на значителното зголемување на лимфоцитите, како и на значително намалување на CRP во рок од седум дена.
И во двете групи, сите пациенти закрепнале за 14 дена и нивните лабораториски наоди се вратиле во нормала.
Најчестите несакани ефекти со овој третман биле главоболки, а кај две групи се забележани кај околу 30% од случаите.