fbpx

Фановите гневни на пејачката: Проговори сопругот на Тања Савиќ

Српската пејачка Тања Савиќ која последните осум месеци тврдеше дека без нејзина согласност сопругот ѝ ги однел синовите во Австралија, непријатно ги изненади фановите откако објави дека се смирила со Душан.

За циркусот да биде уште поголем, сега се огласи и нејзиниот партнер кој вели дека тие никогаш не ни биле скарани и дека целата приказна била маркетиншки трик.

„Луѓе, ние се сакаме. Ова што го направивме беше наш договор, да кренеме малку прашина во медиумите. Тања има нова песна која ќе ја промовира наскоро“, им изјави тој на новинарите.

Популарната пејачка пред четири месеци со солзи во очите раскажуваше за наводниот пекол низ кој поминува.

– На моите синови точно ја гледам онаа насмевка која не им е дозволено да ја имаат, онаа воздржана насмевка. Тие всушност не смеат да се смеат кога ќе ја видат сопствената мајка, затоа што можам да замислам што зборува нивниот татко за мене – изјави тогаш Савиќ во емисијата „Гламур специјал“ на телевизија „Хепи“.

Следни Објави

Плаче цел регион: Почина Џеј Рамадановски

Легендарниот фолк-интерпретатор Џеј Рамадановски почина денеска на 56-годишна возраст од срцев удар, јавува „Пинк.рс“. Џеј неодамна во едно интервју изјави дека е во строг карантин поради здравствените проблеми кои ги има и дека коронавирусот би бил погубен за него.