fbpx

Генерација се, делат иста страст: Марина проговори за љубовта со Алачки

Си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година, открива Марина Дојчиновска која за „Слободен печат“ одлучи да проговори за љубовта со докажаниот музичар Горан Алачки.

Вели дека се сретнале двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје.

„Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години“, раскажува таа.

Поранешната ТВ-водителка која сега е претприемачка вели дека една од работите што ги спојува е годината на раѓање – 1965-та.

– Тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот. Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото. Тоа е предуслов за квалитетно функционирање на една врска. Короната ги одложи сите наши планирани патувања за лани, но затоа јас и Горан се посветивме на нашите градби – јас во Гари, а тој во неговото Владимирово. Последниве месеци главна тема ни се мајстори, плочки, цигли и бетони, но задоволството дека своерачно градиш на своето – татковото место е непроценливо чувство на задоволство и уште една наше НЗС и поклопување на проекциите – раскажува Дојчиновска за „Слободен печат“.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Откако се разведоа, Горан една работа не може никако да ѝ прости

Следни Објави

Имав 13, а тој 80: Нов шок, и менторот на Алексиќ бил предатор

Водителката Јована Јакиќ која своевремено ги посетувала часовите на Мика Алексиќ, денеска во живо во утринската програма на српската телевизија Хепи откри дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на познатиот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ, инаку ментор на уапсениот наставник по глума кој е обвинет за […]