Актуелна тема овие денови е заштитата од новиот вид на коронавирус кој се’ повеќе се шири, па едни од водечките експерти проговорија и за тоа дали маските кои веќе ги носиме се ефикасни во овој случај и кои од нив се најдобриот избор.
Д-р Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести, пред неколку дена изјави дека носењето две маски за подобра заштита од вирусот има смисол, бидејќи повеќе слоеви овозможуваат и подобра заштита.
– Маските не се помалку ефикасни, туку со појавата на новите видови на коронавирус само се причина дека тие треба да се носат апсолутно секаде – изјави Фаучи.
Д-р Скот Сегал, врвен анестезиолог во Северна Каролина, исто така нагласува дека ако носите повеќе маски одеднаш, две, три или четири, ќе добиете и подобро филтрирање поради повеќето слоеви на ткаенината.
Сепак, дополнува тој, ретко кој би носел повеќе маски одеднаш бидејќи едноставно тоа не е пријатно. Затоа, според него, клучно е да одберете маска која е ефективна, а сепак и најпријатна за носење на подолго време.
– Ако вие носите добра N95 маска, а луѓето околу вас не ги носат правилно или воопшто не носат маски, истата нема да ве заштити. Затоа, подобро е сите да носат хируршки или платнени маски постојано и правилно – порачува тој.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.