fbpx

И Ана Николиќ во игра: Нови детали за криминалната банда на Веља Невоља

Популарната српска пејачка Ана Николиќ била блиска со луѓе кои одработувале за криминалната банда на Веља Невоља, тврди српски „Курир“.

Атрактивната поп-ѕвезда ја поврзуваат со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.

Претходно со мафијата беше поврзан и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста кој до пред неколку дена беше притворен за поседување на недозволиви наркотички средства.

Паника на естрадата: Експлицитни видеа со познати личности во телефонот на Веља Невоља

Веља Невоља и уште дваесет негови соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ги загуби сопругот и бебето кај „Млечен“: Се огласи Наташа, конечно правда за Гоце

Наташа Димитриевска, жената која во 2018 година во сообраќајна несреќа ги загуби 32-годишниот сопруг Гоце и плодот во неа, конечно се огласи со убава вест. – Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај „Млечен“ и одлучил Васил да оди две години во затвор и две години да […]