fbpx

Ќе има ли прстен? Џамбазов одговори на најочекуваното прашање

Македонскиот актер и шоумен си ја отвори душата

Игор Џамбазов кој подолго време е во емотивна врска со познатата алпинистка и уметница Илина Арсова, конечно даде одговор на најочекуваното прашање.

Во неговото последно интервју прашан дали ќе се случи прстен и дали фановите може да очекуваат свадба, македонскиот актер и шоумен вели:

„Мојата Илина е само доказ дека човек никогаш не смее да се откаже од мисијата да ја најде својата сродна душа. Дури и да престанете да ја барате, дури и да се откажете од помислата дека таа постои некаде на планетава, ќе се појави. Кога-тогаш“, вели тој за ММС.мк

Џамбазов, меѓу другото, вели и дека не се гледа во иднина како сопруг кој живее во Сретеново.

„Ни таа, право да ти кажам, не се гледа во улога на посветена сопруга и домаќинка. Ние двајцата сме номади“, вели тој.

Следни Објави

Сакав да се самоубијам: Меган Маркл брутално искрена кај Опра

Не сакав повеќе да живеам. Беше страшно, констано мислев на тоа, тие мисли ме прогонуваа секоја ноќ, не беше тоа апстрактна идеја. Бев депресивна и помислував на најлошото. Ова предмалку го изјави Меган Маркл во долгоочекуваното интервју на Опра Винфри кое се’ уште е во тек. Поранешната војвотка од Сасекс […]