fbpx

Сине, извини што не те разбиравме: Мајката на Момир неутешна

Во присуство на семејството и на најблиските пријатели, вчера беше погребан Момир Луковац (24), младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ кој во вторникот се застрела со пиштол.

Мајката на пејачот скршена од болка постојано ги изговарала истите зборови.

„Сине мој, извини што не те разбиравме! Извини што не знаев што те мачи. Млад ми замина, што ќе правам сега без тебе?“, раскажуваат роднини кои присуствувале на гробиштата во Црна Гора.

Шок: Познати деталите за самоубиството на ѕвездата на „Гранд“

Во меѓувреме, не стивнуват реакциите по трагедијата која го вознемири регионот.

Луковац се натпреваруваше во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а последен пат на сцената од популарното регионално шоу настапи пред два месеца. Му предвидуваа блескава кариера, а ОВДЕ прочитајте како се простија од него Мили и Јелена Карлеуша.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Солза за нероденото дете: Последните часови на Ирена пред да почине

На 16 декември засекогаш ги затвори очите Ирена Дојчиновска Милошевска, најмладата македонска медицинската сестра која ја загуби битката со Ковид-19. Нејзината сестра Марија Д. Спасовска која вели дека биле две срца, а иста душа, проговори за кобниот ден кога прерано згасна животот на Ирена. Работеше во ЈЗУ Спец.болница за геријатриска […]