fbpx

Куќа на ужасот: Кој е човекот кој сечел луѓе за Беливук?

По информацијата дека навивачот Здравко Радојевиќ кој исчезна во ноември минатата година е ликвидиран во куќата на ужасот во Ритопек која наводно ја користел Вељко Беливук, повторно се актуелизира темата за ѕверските убиства кои се припишуваат на неговата криминална банда.

Во бункерот на оваа куќа е пронајдена индустриска мелница за месо во која се претпоставува дека завршувале жртвите на популарниот Веља Невоља, а делови од труповите врзани на бетонски блокови се фрлале во Дунав.

Многумина тврдат дека Марко Миљковиќ Маре е човекот кој стои зад монструозните дела во кланот, за распарчување трупови, нивно палење и потопување во киселина. Извори блиски на истрагата откриваат дека без трошка хуманост озогласениот Маре им ги вадел очите и им ги сечел главите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив.

„Србија данас“ пишува дека за разлика од Веља, Маре пораснал во релативно стабилно семејство со родители вработени на добри позиции во администрацијата. Таткото на Миљковиќ е повеќекратен шампион во стрелаштво и се верува дека како пасиониран љубител на оружје, љубовта кон овој спорт му ја пренел и на синот.

Ќе се изненадите: Пејачи, актери и спортисти работеле за Веља Невоља

Вељко Беливук и уште дваесет негови соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Монструм од дете: Нови детали за Веља Невоља

Најозборуван криминалец на овие простори со месеци е Вељко Беливук многу попознат како Веља Неваља. Ѕверските убиства кои му се припишуваат досега беа карактеристични само за мексиканските нарко-картели и за исламските терористи, па јавноста сериозно се вознемири. Медиумите почнаа секојдневно да копаат во минатото на Невоља, а последна работа која […]