fbpx

Бог ги одбира само најубавите ангели: Неверување по смртта на Ема

По смртта на младите македонски ракометари Никола Даниловски и Марко Божиновски, нова трагедија ја потресе спортската јавност.

Лошите вести овојпат доаѓаат од Хрватска, од ракометниот клуб Трешњевка.

„Со длабока болка и тага ве информираме дека вчера по кратко и тешко боледување почина нашата соиграчка и пријателка Ема Грозница. Бог за себе ги одбира само најубавите ангели“, напиша клубот на официјалната страна на „Фејсбук“.

Со емотивна посвета од неа се прости и женскиот ракометен клуб „Брод“.

„Прерано не’ напушти. Секогаш беше насмеана и весела. Ќе заиграме повторно на некое подобро место. Почивај во мир, ангеле! Те сакаме“, стои во објавата.

Ема имаше само 19 години. Студираше Кинезиологија во Загреб. Пред десетина дена трчаше маратон, јавуваат хрватските медиуми.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија: Почина популарниот пејач од „Никогаш не е доцна“

Почина уште еден поранешен натпреварувач на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. На 62-годишна возраст битката со коронавирусот ја загуби Драган Милојевиќ-Јапанац, а смртта ја потврди и неговото семејство. Бројни колеги од естрадата, но и од адвокатската фела со неверување ја примија оваа вест. „Само што слушнав за трагедијата. […]