fbpx

Лекувал илјадници заболени од корона: Луѓето не разбираат дека само една работа може да ги спаси!

Лекарот Рон Вајс (58) кој активно учествувал во лекувањето на пациенти заболени од коронавирус на клиниката за интензивна нега во Њу Џерси, одлучи јавно да го раскаже своето искуство.

За кратко време се соочил со илјадници заболени и открива дека на сите им го давал истиот совет.

– Сега е вистинскиот момент да го промениме начинот на живот, особено кога станува збор за исхраната. Повеќето од заболените веќе имаат некое хронично заболување, без разлика дали е во прашање дебелината, дијабет или астма. Она што најмногу ме загрижува е тоа што поголемиот број пациенти се тотално несвесни во колкав ризик се поради веќе постоечките заболувања и дека исходот може да биде трагичен – објаснува д-р Вајс.

Признава дека уште повеќе го загрижува тоа што истите тие луѓе не се воопшто свесни дека со само една единствена промена во начинот на живот може значително да го намалат тој ризик.

– Да бидам прецизен, со промената на исхраната може практично да дојде до пресврт на текот на болеста и тоа многу брзо. Препорачувам мени кое се базира на растенија, но тоа не значи да јадете само повеќе зелечнчук. Суштината е во тоа да ги консумирате оние билки што можат да ви помогнат, а конзервираната и храната од животинско потекло да ги сведете на минимум – советува тој.

Д-р Вајс вели дека постои храна којашто значително го јакне имунитетот.

– Прва намирница што ја препорачувам е лукот. Алцинот кој го содржи ги прави нашите ќелии многу поспособни да го убијат „непријателот“ и игра силна улога во спречувањето на „цитокинската бура“ која може да довде до откажување на белите дробови и потреба за респиратор. Печурките, од друга страна, ја зголемуваат количината на антитела во нашата плунка – вели тој.

Покрај здраво мени, на пациентите им советува да дишат што е можно повеќе свеж воздух и почесто да одат во природа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Е, ова е порака: Последната објава на починатиот актер ги расплака сите

Последната објава на американскиот актер Мајкл Кенет Вилијамс кој вчера беше пронајден мртов во својот дом во Њујорк ги расплака сите. Станува збор за видеоснимка со неговиот колега Трејси Морган кој страствено ги повикува пријателите да „не плачат за него“ додека зборуваше за преживувањето на кобната несреќа во 2014 година. […]