fbpx

Со мистериозен маж живее како принцеза: Која е најбогатата жена од нашите краеви?

За ваков живот жените може само да сонуваат

Поранешната српска манекенка и модна новинарка Аника Божиќ која има далечни роднини и кај нас, во 2004 година се омажи за палестинскиот бизнисмен Јусуф Ал-Сарај.

Од позиција на пари и моќ, таа преку ноќ им стана интересна на медиумите кои често ја нарекуваат „арапска принцеза“ и „најбогата Србинка“.

Аника во едно интервју нагласи дека нејзиниот избраник и покрај тоа што е многу богат, нема благородничка титула.

„Се запознавме преку заеднички пријатели. Ако е некој по потекло од Палестина, не може да биде шеик или принц. Претпоставувам дека тој збор новинарите го користат како метафора“, изјави таа за „Блиц“.

Сепак, оваа атрактивна жена навистина живее како принцеза, што може да се види и по фотографиите на нејзиниот профил на „Инстаграм“.

Аника со сопругот и со синот Омар живее на две адреси. Во прашање се недвижнини на елитни локации – стан во центарот на Париз каде семејството престојува неколку месеци во годината и вила во Египет на самото крајбрежје.

„Животот помеѓу Париз и Каиро е како да се наоѓате во два паралелни универзума. Париз е дефинитивно најубавиот град на светот, а истовремено е полн со можности за школување и за работа. Каиро е премногу бучен и хаотичен според моите критериуми, но после толку години поминати и прекрасните луѓе со кои сум опкружена, се чувствувам преубаво секогаш кога престојувам таму. Многу драги луѓе и спомени ме врзуваат и за Белград, па секогаш со задоволство му се навраќам“, раскажа таа.

Аника на социјалните мрежи ја следат преку 120 илјади корисници, а меѓу нив и ѕвезди како Анастасија Ражњатовиќ и Зорана Јовановиќ.

Особено остава впечаток со аутфитите во кои се фотографира, а тоа е речиси секогаш луксузна гардероба која обичниот народ не може да си ја приушти.

Од она што го споделува со своите следбеници, може да се заклучи и дека често патува на разни егзотични дестинации.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Неочекуван пресврт: По Сораја се огласи и газдата на скопскиот локал

По тврдењата на Сораја Вуќелиќ дека минатиот петок на 22 октомври таа и нејзини пријатели биле исфрлени од една скопска кафеана само поради нивната национална припадност, се огласи и газдата на објектот. Извесен Илија за српски „Телеграф“ ја раскажа неговата верзија на случувањата обвинувајќи ја поранешната плејбој-зајачица дека безобразно лаже. […]