fbpx

Не се откажува: Таткото на Матеј доби неочекувана порака

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј, 27-годишното момче од Сплит по кое се трага од 31 декември, и понатаму е во Белград.

Вели дека чека вести за синот. Добри или лоши, единствено го интересира вистината.

„Подготвен сум за било какво сценарио, само да дознаам што му се случило на моето дете. Останувам овде се’ додека не го најдеме. Еве пред малку ќерката ми прати порака која воопшто не ја очекував: Тато, вратете ни се заедно! Не се откажувам“, вели тој.

На медиумите им откри и што најмногу го мачи во целата истрага.

„Не може да ми излезе од глава зошто излегол по маица. Мислам дека имал намера да му се врати на друштвото. Ми рекоа дека го напуштил клубот кога ја платил сметката. Каде тргнал, тоа ми е најголемата мистерија“, нагласува Ненад.

Откриено кој бил покрај Матеј ноќта кога исчезнал? Најнови детали од истрагата

Свесен е дека помина доста време, но објаснува дека како родител има право да верува и да се надева дека полицијата ќе го пронајде неговиот син. За тоа дали пријателите на Матеј нешто кријат вели:

„Тој дојде во Белград со другари кои ги познава уште од деца. Уверен сум дека на полицијата ѝ рекле се’ што знаат. Дека се’ би направиле за да можат да помогнат мојот син да биде пронајден. Истото мислење го имам и за Маја. Таа е ќерка на моја пријателка. Ја видов откако беше сослушана во полицијата и забележав колку сето ова ѝ паѓа тешко“, тврди Периш.

Што се допишувале другарите на Матеј по трагедијата, прочитајте ОВДЕ!

Што ги поврзува Матеј Периш и исчезнатата Билјана, прочитајте ОВДЕ!

Фото: Милан Мариќиќ/АТА Имиџис/Принтскрин

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Денес сфаќам дека бил во право: Најемотивната објава на Игор Џамбазов за татка си

На 85-годишна возраст почина Александар Џамбазов, легендарен македонски композитор и диригент. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на „Златно славејче“ и основоположник на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“, а пишуваше и филмска, театарска, хорска, класична и поп музика. За својата работа доби над 40 награди и признанија меѓу кои и државната […]