fbpx

Откриено кој бил покрај Матеј ноќта кога исчезнал? Најнови детали од истрагата

Ненад Периш во полицијата дознал во која насока продолжува истрагата

Таткото на исчезнатиот Матеј Периш, 27-годишното момче од Сплит по кое се трага од 31 декември, и понатаму е во Белград.

Тој за хрватските медиуми откри што мисли за пораките од другарите на неговиот син кои ги објавија некои медиуми, како и за тоа кои чекори моментално ги презема српската полиција.

Ненад Периш наведува дека допишувањата на пријателите на Матеј немаат директна врска со неговото исчезнување, бидејќи зборуваат за случувања откако Матеј си заминал од клубот „Готик“.

Виден е: Нешто чудно се случи со Матеј, сите се шокирани

Според дел од пораките кои ги објави „Слободна Далмација“, постои можност неговото друштво навистина да не знаело каде тој воопшто заминал кобната ноќ.

„Јас не знам што му станало. Дрога или што.. Ние не земавме“, ѝ пишува другар на Матеј на својата девојка.

Таа му одговара: „Па, не верувам дека земал сам, па криел. Освен ако некој во таа гужва не му понудил. Па не е девојка, па да му стават во пијалокот“.

Пријателот тогаш и пишува дека навистина не знае што се случило и дека Матеј му рекол дека оди да прошета по клубот. По неколку дена повторно ја отвориле истата тема, но нивните пораки не откриле ништо ново.

Инаку, Ненад Периш утрово во полицијата дознал во која насока продолжува истрагата.

„Ми кажаа дека ги проверуваат мобилните телефони и точните локации. Слушнав дека ги идентификувале посетителите кои се наоѓале во непосредна близина на масата на која бил мојот син со друштвото. Тие себе си се нарекуваат Задрани. Но, мислам дека не се работи само за нив, туку за уште неколку лица кои биле тука од страна“, вели Периш за „РТЛ“.

Се појави невидена фотографија од Матеј: Еве што напишал пред исчезнувањето (ФОТО)

Пред неколку дена конечно се огласи и Маја С., девојката од Сплит која според многумина ги има клучните информации за исчезнувањето на Периш. Во исповед за ТВ Прва таа нагласи дека најголема болка ѝ е што истрагата потврдила дека таа е последната личност која Матеј се обидел да ја добие пред да исчезне.

„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најголема болка од се’.. Затоа што можеби ако ме информираше дека доаѓа во Белград, би му кажала каде да одат, што да прават“, низ солзи раскажа таа.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Без исклучок: На крајот од животот сите жалат за овие четири работи!

Кога ќе дојде судниот ден, сите ние сме исти Луѓето постари од 70, 80 и 90 години биле интервјуирани да раскажат за што најмногу жалат на крајот од животот. Овие четири работи остануваат непроменети веќе со години. 1. Жалат што поголемиот дел од животот го потрошиле на работа којашто не […]