fbpx

Мистериозни пораки: Матеј е жив! Лажат за сè!

Веќе 29 дена трае потрагата по Матеј Периш.

Момчето од Сплит кое исчезна во Белград го потресе цел регион.

Очекувано најмногу реакции има во неговата родна Хрватска.

Коментарите под објавените вести за текот на истрагата се од крајност во крајност, а многумина преку ноќ станаа „експерти“ и делат совети како може да му се влезе во траг на несреќното момче. Дел од нив апелираат да се послуша и гласот на јасновидците.

„Боже, помогни да го најдеме. Ова веќе е предолго“, стои напишано под една објава.

„Не е мртов, Ненаде, не ви е лесно, но не дозволувајте ова да ве скрши“, „Сите оние кои не ја кажаа вистината ќе се скршат, каде ќе им оди душата..“, „Лажат за се’, ние веруваме дека е жив“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Повеќе на истата тема:

НЕОЧЕКУВАНО: ТАЈНА ВО СЛУЧАЈОТ СО МАТЕЈ ЗА КОЈА СЕ МОЛЧЕШЕ

ПРЕСВРТ: ТАТКОТО НА МАТЕЈ ОТКРИ ДРАМАТИЧНИ ДЕТАЛИ

Таткото на Матеј вели дека не му е важно што пишуваат медиумите и дека верува во своето дете. Никому не му замерува за ништо и единствено е фокусиран на фактите кои можат да го донесат до конечниот одговор. Ненад вели дека кога сега би го видел синот, ништо не би му кажал. „Само ќе го прегрнам и тоа би било се’. Ништо не треба да ми каже, само нека ми се врати“, низ солзи порачува тој.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ненадејна смрт: Која е првата сопруга на Александар Вучиќ?

Во Белград на 56-годишна возраст ненадејно почина Ксенија Вучиќ, поранешната сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој самиот ја потврди тажната вест на социјалните мрежи. „Вечерва во Белград, ненадејно почина мајката на нашите две деца, Данило и Милица, и моја прва сопруга“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“. Ксенија беше долгодгодишна новинарка. […]